Тој бара Јавното обвинителство веднаш да оформи предмет, а за вибер пораките од комуникацијата на полицајците веќе ги информирал и амбасадите.
И од владејачката СДСМ бараат надлежните да го истражат случајот со цел да се докажи дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лаги.
„СДСМ во целост се оградува од какви било нерегуларности или конструкции за нерегуларности за овие избори. СДСМ води искрена, приземјена, отворена и јавна комуникација со граѓаните и ги отфрла сите обиди со кои наводни вибер групи би требало да докажат дека СДСМ се занимавал со следење луѓе на денот на избори. Сепак, за и овој куп лаги на ДПМНЕ да распука како меур од сапуница, бараме од институциите итна постапка и расчистување на овој случај. Јавноста треба да знае дали било која институција креирала таква група и дали наводните дејствија презентирани на прес-конференција било кога реално се случиле“, коментираат од партијата на Заев.
И од Министерството за внатрешни работи ги отфрлаат како невистини обивнувањата од ВМРО-ДПМНЕ.
„МВР нема креирано таква вибер група и активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи. МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата“, реагираат од МВР.
Од таму додаваат дека била направена проверка и на статистиката за возила испратени на технички преглед и било утврдено дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говорело дека наведените дејствија всушност не се случиле.