Колекционер од Европа купил копија од Мона Лиза на Леонардо да Винчи од 17 век за 2,9 милиони евра, што е рекордна цена за репродукција на Мона Лиза.

На аукција во куќата „Кристи“, продадена е копијата позната како „Хекинг Мона Лиза“ по цена која стана нов рекорд.

Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција од Мона Лиза, изјави претставничка за односи со јавност на аукциската куќа „Кристи“.

Додаде дека на меѓународната акција имало 14 понудувачи и дека во последниот час понудите пораснале од 500 илјади на 2,4 милиони евра, пред да биде понудена конечната сума од 2,9 милиони евра.