Шпан додаде дека 4,3 милиони луѓе веќе ја примиле и втората доза на вакцината.
Според Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ и Министерството за здравство, само вчера во земјата биле имунизирани околу 217. 000 лица.
Шпан наведува дека досега се искористени речиси 10,7 милиони дози вакцина на „Фајзер“/ „БиоНТек„, 700 000 дози на „Модерна“ и 2,9 милиони дози на „АстраЗенека“.
Давањето предност на одредени демографски групи во редот на вакцините треба да почне да паѓа во втор план, бидејќи се зголемува бројот на достапни дози, објави денеска Здружението на германски лекари по општа медицина.
– Давањето предност беше и е добро упатство за лекарите, додека вакцината се уште е достапна во мали количества. Како и да е, наскоро веќе нема да мораме да гледаме толку многу на бројките, туку се повеќе и повеќе на здравјето на луѓето , рече Улрих Вајгелд од здружението за „Рајнише пост“.
Доколку количеството на достапни дози вакцини надминува одредено ниво, приоритет мора да биде „секој што може и сака да ја вакцинира што побрзо“.